Лавров: Русија нема да отстапи од своите позиции
САД и Европската унија не поддржувааат формирање на „влада на консензус и реформи“ во Украина, во која би биле вклчучени претставници на сите страни, изјави денеска во Тунис рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, непходен е дијалог и од него не треба да биде исклучена ниту една од страните во Украина.
Лавров изрази андеж дека западните земји нема да воведат санкции кон Русија поради Украина, нагласувајќи дека Москва од секогаш била против еднострани постапки, кои не водат кон ништо добро.
- Се надевам дека нашите западни партнери ќе ја сфатат контрапродуктивноста на таквата политика, додаде Лавров.
Шефот на руската дипломатија се заложи за спроведување на договорот за надминување на кризата во Украина, што на 21 февруари го постигнаа тогашниот украински претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата, нагласувајќи дека позицијата на Русија по ова прашање е „чесна“ и дека таа нема да отстапи од неа.
Како што јави ИТАР-ТАСС, Лавров денеска престојува во Тунис, каде што имаше средба со тунискиот претседател Монсеф Матзуки, на која станало збор за случувањата на Блискиот Исток и во Северна Африка.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа