Ја скршиле вратата и украле сеф со 120.000 денари - детали за грабежот во филијалата на „Македонска пошта“

Филијалата на „Македонска пошта“ на улицата „Тале Христов“ во скопската населба Скопје – Север, синоќа била ограбена од страна на засега непознати лица. При грабежот демолирана е главната врата, при што насилно влегле во подружницата и го украле поштенскиот сеф.

Како што соопшти денеска „Македонска пошта“, при инцидентот немало повредени граѓани, ниту пак вработени, а насилниците кои влегле и ја ограбиле поштата ја демолирале главната врата, насилно влегле и украле поштенски сеф во кој имало 120.000 денари.

Кражбата во полиција ја пријавиле вработените кои утрово влегле на работното место и забележале дека недостига поштенскиот сеф.

Полицијата направи увид на местото и трага по сторителите.

04.03.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега