Ставревски: Минатата година градежништвото бележи раст од 33 отсто

 

На отварањето на 11-от меѓународен Саем на градежништво, министерот за финансии Зоран Ставревски истакна дека градежништвото како сектор бележи раст од 33 отсто минатата година.

-Тоа покажува дека градежништвото имаше инзвонредно значајна улога во растот на македонската економија и тоа не е случајно. Тоа е поттикнато со многу мерки, активности и потези што ги прави и приватниот сектор и Владата во насока на поддршка на градежната активност и на инвестициите во овој сектор, истакна Ставрески, додавајќи дека од Буџетот на Република Македонија за 2014 се издвоени 365 милиони евра за релизација на капитални инвестиции.

Со задоволство можеме да констатираме дека голем број македонски фирми се вклучени во релизацијата на капиталните проекти што се финансираат од буџетот, меѓутоа исто така и дека голем број на фирми ја искористија можноста во овој период  да градат станбени згради и објекти за индивидуално домување или други објекти во деловен простор,  коишто со добрата почетна цена на земјиштето, со едноставноста на добивање на градежни дозволи и со можност за реинвестирање во нови инвестиции, претставуваат силен импулс за развој на градежништвото и на македонската економија, рече Ставрески.

 

04.03.2014 - 13:14
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега