Огромна поддршка за Иванов - погледнете колку потписи собра за само 2 дена

 

63.253 граѓани се потпишале зад кандидатурата на актулениот претседател Ѓорге Иванов за нов петгодишен претседателски мандат. За помалку од 2 дена, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ доби масовна поддршка од граѓаните низ цела Македонија. Потписи се собираа во речи си сите градови низ земјава.
Единствен кој без собрани 10.000 потписи ќе влезе во трката за претседателски мандат ќе биде кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски за кого партијата реши дека не е потребна поддршката на граѓаните.  За разлика од овој изборен циклус, СДСМ во претходниот ги собираше потписите за кандидатот Љубомир Фрчковски. Ваквата постапка на опозцијата го направи Пендаровски единствен кој влегува во трката без потписи за поддршка, особено ако се знае дека и Зоран Поповски на ГРОМ и кандидатот на ДПА, Илијаз Халими веќе си ја обезбедија поддршката од граѓаните. За разлика од останатите кандидати СДСМ се реши да ги искористи пратениците во Собранието. Законот им дозволува да го кандидараат Пендаровски и со потписот на 30 пратеници. 
Стево Пендаровски официјално треба да биде промовиран за кандидат на СДСМ на вечерашниот Конгрес кој поартијата од Бихаќка го закажа за во 19 часот. Press24 уште пред повеќе од една недела објави дека на Бихаќка веќе паднала одлуката Стево Пендаровски да биде кандидат на опозицијата за претседателските избори, со што, вечерашниот Конгрес, практично нема никаква функција. СДСМ во серија конфузни деманти се обиде да претстави слика дека претседателскиот кандидат ќе се бира во демократска атмосфера, но сепак, станува јасно дека тесниот круг на партиското раководство само ја донело одлуката а на Конгресот му дава само едно име. 

04.03.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега