Грчките медиуми: ВМРО- ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори
На предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат кај нас ќе победи ВМРО- ДПМНЕ , а на претседателските ќе победи Ѓорге Иванов. Како што јавува Нетпрес,ова се прогнозите што деновиве може да се прочитаат низ грчките медиуми во однос на претстојните двојни избори во Македонија.
-„Речиси е сигурно дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ ќе победат на предвремените парламентарни избори, во македонскиот и во албанскиот политички блок ”, се вели во текстот на државната новинска агенција објавен во Етнос, Капитал, Прототема, додека весникот Та неа прогнозира дека следните денови се очекува и најголемата опозициска партија СДСМ да го објави својот кандидат за претседателските избори. Но сепак, според политичките аналитичари, независно од тоа кој ќе биде опозицискиот кандидат ќе биде премногу тешко да го победи Иванов или кој било друг кандидат од партијата на премиерот Никола Груeвски”.
04.03.2014 - 12:28
Фото:
либертас
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа