Дел од скопските населби утре без вода
Дел од жителите на општините Бутел и Шуто Оризари утре од 9:00 часот ќе останат без вода.
Како што информира РЦУК–Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводната мрежа на раскрсницата меѓу улиците „Бетовенова“ и „Александар Бујнов“.
До завршување на реконструкцијата, без вода ќе бидат жителите од улиците „Александар Бујнов“, „Петар Манџуков“, „Бетовенова“ и населбата Шуто Оризари.
04.03.2014 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа