Кина и Турција не ги пуштаат воените бродови на НАТО - Поддршка за Русија

Радиото „Гласот на Русија” излезе со сензационална вест во подоцнежните вечерни часови дека Кина успеала да ја убеди Турција да не даде дозвола за премин преку Босфорот на воени бродови на НАТО, објави електронското издание на турскиот весник „Милијет”.

Кинеските дипломати успеале да го разубедат за тоа лично премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Најстарата државна радиокомпанија на Русија, која емитува емисии за странство, тврди дека високи претставници на Кина имаат воспоставено дијалог со турското раководство и го убедиле да не дозволува премин низ поројната зона и влегувањето во Црното Море на бродови на НАТО.

Според информациите на радио „Гласот на Русија”, кинеските дипломати успеале да го разубедат за тоа лично премиерот Реџеп Тајип Ердоган, додава турскиот весник „Милијет” 

04.03.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега