Путин не попушта: Јанукович е легитимен претседател на Украина

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека во Украина е извршен неуставен државен удар и оружено преземање на власта кое никој не го оспорил.

Путин, на прва прес конференција откако украинскиот претседател го напушти Киев, рече дека Виктор Јанукович ги исполнил сите услови од договорот потпишан на 21 февруари со претставници на опозицијата и дека ја предал сета власт.

– Јанукович е и понатаму легитимен претседател на Украина иако сега нема власт, нагласи Путин.

– Украинскиот народ можеби сакал промени, но не смеат да се охрабруваат незаконски промени, доадде Путин.

Тој вели дека Русија ќе пружи финансиска поддршка за украинскиот регион Крим.

04.03.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега