"Ќе ти го загорчам животот ако ме пријавиш" - охриѓанец од сограѓанин барал 1000 евра
Охриѓанец си заработи кривична пријава за изнуда.
Според податоците од полицијата, се работи за 33-годишниот А.Ф. кој на булеварот „Македонски просветители“ го забележал својот сограѓанин С.Д. како се движи иво еден момент се стрчал кон него, го удрил и му побарал 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра.
Потоа, разбојникот уште еднаш го удрил охриѓанецот по што му се заканил да не го пријави случајот во полиција и веднаш избегал од местото на настанот.
04.03.2014 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа