Американците повеќе се за утринско кафе отколку за секс

 

Можеби е време да ја преиспитаме практичноста на нашите Старбакс златни картици. Во неодамнешна студија на 7,455 луѓе спроведена од страна на Ле Меридиен Хотелс & Ресортс, околу 53% од честите патници (повеќе од половина биле жени) изјавиле дека преферираат шолја кафе, наместо утрински секс. Оваа студија има совршена смисла, кога ќе ги земете в предвид дека 28% се чувствуваат помалку креативни без утринското кафе, и 22% не се во можност физички  да го започнат денот без него. Близу 80% од испитаниците изјавиле дека тие би одбрале кафе наместо алкохол, социјални медиуми, или секс ако се приморани да изберат помеѓу една од овие три работи. Се она што може да го кажеме е дека овие 7,455 луѓе мора да имаат вкусно кафе во нивната кујна.

04.03.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега