Американски носачи на авиони се вкотвија во Грција

Два американски носачи на авиони се вкотвија во грчкото пристаниште Пиреја, пишува весникот „Етнос“. 

Станува збор носачите „Џорџ Х.У. Буш“ и „Филипин Сиј“. 

Американските носачи на авиони се наоѓаат во Грција во рамки на планираната протоколарна посета и се очекува да испловат од Пиреја во петок на 7 март, додава весникот.

Пентагон соопшти дека носачите на авиони се очекува да поддржат операциите во Европа, на Блискиот Исток и во регионот на Африка.

04.03.2014 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега