Повторно на тронот- Бил Гејтс најбогат човек во светот
На најновата листа на Форбс се наоѓаат 1.645 милјардери со просечно богатство од 4,5 милјарди долари и вкупно богатство од 6,4 билиони долари, што е билион повеќе во однос на претходната година и верувале или не Бил Гејтс повторно е на тронот односно е прв на листата најбогати луѓе во светот.
Бил Гејтс, со имотот вреден 76 милјарди долари, од првото место го симна мексиканскиот тајкун Карлос Слим, кој е тежок 72 милиони долари.
Најбогатите 10 луѓе на светот, според Форбс, заедно имаат 507 милјарди долари, што е повеќе од економиите на Норвешка, Белгија или Полска.
Гејтс на врвот на листата се наоѓаше 15 пати во последните 20 години, и покрај тоа што одвојува големи суми пари за глобалните програми за унапредувањето на здравјето и борбата против сиромаштијата.
Во сопственост на Гејтс се 4,4 отсто од Мајкрософт и тој удел е помалку од 20 отсто од неговото вкупно богатство.
Акциите на оваа компанија минатата година скокнаа на 25 отсто, а богатството на Гејтс, благодарение на други фактори е зголемено за 7 милјарди долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа