Во Црна Гора со дрога тргуваат 15 кланови

Во извештајот на Стејт департментот за спречување на трговијата со дрога во светот се наведува дека во Црна Гора 15 криминални кланови се вклучени во меѓународна трговија со дрога, а забележана е и зголемена активност на црногорските криминалци во странство.

Во документот е прецизирано дека околу 15 отсто од вкупната количина на дрога, кои се шверцуваат преку Црна Гора остануваат на локалниот пазар заради конзумирање, пишува подгоричкиот весник „Дан“.

Според извештајот Црна Гора е транзитна земја за влез на дрога во Западна Европа, а најраспространети видов на дрога, кои се шверцуваат преку таа држава се марихуаната од Албанија, хероинот од Авганистан и кокаинот од Латинска Америка.

04.03.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега