Друштвото на писателите на Македонија на 5 април избира ново раководство

Друштвото на писателите на Македонија закажа за 5 април редовно изборно собрание, на кое ќе се избира претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ. 

Кандидатите за претседател на ДПМ и за претседател на Собранието на ДПМ со програма треба да се пријават најдоцна до 14 март.

На изборното собрание по еден месец ќе се избира и статутарна комисија, комисија за финансиско работење,  суд на честа, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ. 

04.03.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега