Почина првиот човек на кого му беше пресадено автономно вештачко срце
Првиот пациент на кого му беше вградено автономно вештачко срце почина денеска- соопшти европската болница Жорж Помпиду од Париз.
Седумдесет и шестгодишниот пациент починал на втори март или 75 дена по операцијата, а причините за смртта ќе бидат познати по продлабочената анализа на медицинските и техничките податоци кои биле снимени.
Од своја страна претпријатието Кармат кое го патентира првото автономно вештачко срце, ја поздрави храброста и пионерската улога на пациентот и неговото семејство.
- Се уште е рано да се извлечат заклучоци од само еден пациент. Лекарската екипа во своите соопштенија тврдеше дека состојбата на пациентот пред еден месец е „задоволувачка“, односно пост-хируршката еволуција на пациентот беше „долга и тешка“, но тоа не е изненадувачко, со оглед на возраста и патологијата на пациентот.
Според проценките од оваа технологија на Кармат во Европа и Северна Америка имаат потреба околу 100.000 до 120.000 потенцијални пациенти, односно пазар проценет на околу 16 милијарди евра.
Цената на едно вештачко срце според аналитичарите изнесува меѓу 140.000 и 180.000 евра, додека една класична трансплатација чини 250.000 евра во Франција и речиси еден милион долари во САД, според бројките дадени од Кармат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа