Ограбена филијала на Македонски пошти во Бутел - еве со колку пари заминал крадецот

 

Уште една тешка кражба на подрачјето на Скопје. Синоќа во филијалата на Македонски пошти на улицата Тале Христов во скопски Бутел, засега непознат сторител извршил грабеж.

Крадецот насилно ја отстранил заштитната ограда, а потоа и влезната врат, влегол внатре, земал метален сеф и избегал во непознат правец.

Според неофицијални податоци  во сефот имало околу 120.000 денари.

Полицијата работи на случајот.

04.03.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега