Алпинистите од Еверест од сега ќе мора со себе да понесат осум килограми смет

Непалските власти соопштија дека отсега алпинистите кои тргнуваат во освојување на врвот на светот, 8.848 метри високиот врв Монт Еверест, на враќање во долината ќе мора да понесат со себе осум килограми смет.

Оваа мерка која ќе започне да се применува во април е преземена поради тоа што властите сметаат дека на овој начин ќе биде исчистена највисоката планина во светот која воедно е и најпосетуваниот врв над осум илјади метри.

Монт Еверест веќе повеќе декади е алипнистичка Мека, но тоа со себе повлекува и последици: оставање резервоари со кислород, шатори, изгубена опрема, лименки од пиво, пластични шишиња, но и тела на загинататите кои поради екстремниот студ не се распаѓаат. Поради екстремните услови, несреќи на Хималаите и не се реткост, но акциите за спасување или извлекување на телата е многу тешко за изведување.

Иако експедициите пред самиот поход на врвот мораат да остават депозит од 4.000 долари, кој им се враќа откако ќе вратат се што со себе носеле на планината, проблемот секогаш бил да се спроведе даа мерка.

- Нашите поранешни напори не се покажаа успешни. Овој пат, ако алпинистите не го вратат сметот, правосилно ќе ги гониме и казнуваме, предупреди претставник од Министерството.

 

Во февруари Непал ја намали цената на дозвола за искачување, како на Еверест така и на другите планини за да привлече што поголем број на алпинисти. Еверест е голем извор на приход за Непал, но таа мерка предизвика негодување кај еколозите. Властите од Непал одговорија со строги мерки на контрола што се однесува до оставањетото смет зад себе.

04.03.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега