Проруски вооружени лица на аеродромот во Крим стрелаа предупредувачки во воздухот

Откако околу 300 украински војници, кои претходно служеле на аеродромот, побарале да се вратат на работа, проруски сили презедоа контрола врз база на военовоздухопловните сили на Крим и пукаа во воздух, додека пак десетина руски војници, кои го обезбедуваат воениот аеродром „Белбек“ кај Севастопољ, ги предупредија Украинците, кои биле невооружени, да не се приближуваат. Тие неколкупати пукале во воздух во знак на предупредување и се заканиле дека ќе стрелаат по нив ако Украинците продолжат таму да се движат.

Заменикот претседавач со Парламентот на Крим, Серхиј Цаков изјави денеска дека претставници на три града на југ во Украина изразиле волја да бидет дел од Автономна Република Крим доколку биде позитивен исходот од референдумот за независност на тој регион.

Тој додаде дека властите на Крим добиле повици од претставници на локалните адмнинистрации на Одеса, Херсон и Микоалев. „Глас на Русија“ објави дека тројца украински офицери од авијацијата преминале на страната на кримските локални власти.

04.03.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега