„Не се клади на Енглези“ вечер премиерно во МНТ

На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Синиша Евтимов.

Проектот е инициран од тројцата актери кои играат во претставата, Паун-Сашко Коцев, Пикси-Оливер Митковски и Буле-Александар Микиќ.

-  Темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот, рече Митковски на вчерашната прес-конференција.

Според Евтимов, ова е актерска претстава, каде трите фантастични ролји се работени низ документарна призма. Според него, претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.

Автор на текстот е на Владимир Ѓурѓевиќ, а преводот е на Александар Микиќ. Сценографијата ја изработи компанијата „Home by almak“ од Струмица, заедно со сценографот Илина Ангеловска. Костимограф е Ана Данчевска, а продуцент Виктор Рубен. Проектот е поддржан од МНТ и од компанијата „Тинекс“.

04.03.2014 - 08:57
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега