Време: И сонце и дожд

 Времето претпладне во Македонија ќе биде со подолги сончеви периоди, а попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд, прво во западните и југозападните делови, а до крајот на денот насекаде низ земјава. Поинтензивни врнежите ќе бидат во текот на ноќта. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне претежно облачно. Во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Од среда до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, но врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. 

04.03.2014 - 08:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега