Рекордна заплена на хероин во Чешка
Цариниците во Чешка за време на изминатиот викенд во Прага успеале да откријат 182 килограми хероин, што претставува рекордна заплена на овој наркотик во земјата.
- Дрогата беше сокриена во камион, а возачот изјави дека ништо не знае за него, изјави портпалорот на чешката Царина, Јиржи Бартак. Тој одби да соопшти детали за возачот и за камионот.
Вредноста на запленетото количество хероин на чешкиот нарко пазар изнесува околу 750 милиони круни (27,4 милиони евра). - Може да се претпостави дека наркотикот не е наменет само за чешкиот пазар, додаде Бартак.
Претходното рекордно запленето количество на хероин во Чешка изнесуваше 120 килограми. Оваа дрога е запленета во април 1998 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа