Се испитува рударската несреќа во Добрево

Министерот за економија Ваљон Сарачини истакна дека инспекција ќе ја провери причината за несреќата во пробиштипскиот рудник за олово и цинк „Добрево“, во која двајца рудари беа повредени синоќа.

„Доколку причината за повредата на рударите во овој рудник се недостатоци на имплементација на законот за безбедност и заштита на работниците ќе побараме одземање на лиценцата“, се закани Сарачини.

Двајцата рудари, 51-годишниот Ј.И. од Пробиштип и 40-годишниот В.П. од Злетово, иако не се во животна опасност, со сериозни повреди и искршеници на рацете и ’рбетот, биле префрлени на скопските клиники. Несреќата се случила кога врз нивните глави се одронала руда.

 

03.03.2014 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега