ФОТО: Превртени комбиња, искршен Мерцедес - тешка сообраќајка кај Плетвар

Тешка сообраќајка се случи пред еден час кај Плетвар, во која учествувале две комбиња и еден Мерцедес, пренесува sitel.com.mk. И двете комбиња биле превртени додека Мерцедесот бил удрен од двете страни. Засега немаме информации како дошло до сообраќајната несреќа ниту пак дали има повредени. Со повеќе информации се очекува службите да излеат во текот на денот.

ФОТО: Сител

03.03.2014 - 18:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега