ФОТО: Хрватски пилоти во Втората светска војна го бомбардирале Крим
Хрватските пилоти управувале со авиони кои во Втората светска војна го бомбардирале Крим. Имено набрзо по создавањето на Независна држава Хрватска, нејзиниот поглавар Анта Павелиќ, во знак на благодарност кон Германија, формирал, „Легија на авијација“ која била упатена кон источниот фронт.
Пилотите напрво биле упатени на обука во Герамнија, за да потоа се преселат на источниот фронт каде се бореле против Советскиот сојуз. За време на борбите во Источниот фронт, хрватските пилоти извршиле повеќе од 5000 борбени летови, и постигнале нешто повеќе од 300 победи.
Една од архивските фотографии кои сведочи за учеството на Хрватите во операциите во Крим, е онаа на која командантот на авијацијата на фашистичките Унгарци, во друштво на офицерите од германски Луфтвафе и двајцата свои пилоти ја набљудуваат мапата на овој полуостров на хуфот на тогашниот Советски сојуз.
Инаку покрај Хрватите, во воздушните битки над Крим и Јужен СССР учествувале и пилоти на фашистичка Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа