Москва ги отфрли заканите на Кери сметајќи ги за неприфатливи

Руското Министерство за надворешни работи ги оцени денеска како неприфатливи заканите, кои неколкупати досега ги изрече американскиот државен секретар Џон Кери во врска со ситуацијата на Крим и во Украина.

- Ги сметаме за неприфатливи заканите кон Русија, кои во неколку изјави ги изрази американскиот државен секретар Кери во врска со последните случувања во  Украина и на Крим, соопшти Министерството.

Во соопштението е наведено дека Кери го користи образецот на Студената војна, предложувајќи казна не за „оние кои го извршија државниот удар, туку за Руската Федерација“.

- Ставот на Русија останува доследен и отворен, а Украина е братска земја со која Русија дели долга заедничка историја, а не само површина за геополитички игри, се вели во соопштението.

- Русија е заинтересирана за стабилна и силна Украина, која би ги заштитила законските права и интереси на Украинците и на сите наши сограѓани. Се залагаме за брзо враќање во нормала врз основа на спогодбата од 21 февруари, која вклучува формирање на легитимна влада на национално единство, се додава во соопштението

03.03.2014 - 17:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега