Попоски зборуваше на 25. сесија на Советот за човекови права на ОН

Денеска министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски учествуваше на 25 сесија на Советот за човекови права на ОН. Тој зборуваше за позначајните прашања од агендата на Советот, за настаните кои ја одбележаа минатата година и влијаеле врз состојбата на човековите права во некои држави. 

Како што соопшти ресорното Министерство, Попоски ги истакнал и приоритетите на Република Македонија во сферата на заштитата и промоцијата на човековите права на национално и на меѓународно ниво.

- Попоски се заблагодари за широката поддршка за избор на Република Македонија за членка на Советот за човекови права за периодот 2014 – 2016 година, што за нас претставува зголемена одговорност и поттик за засилен ангажман за разрешување на клучни прашања на меѓународната сцена. Тој изјави дека Република Македонија ќе продолжи да ги почитува и промовира највисоките стандарди за човековите права и да биде вокален промотор за обврските кои произлегуваат од човековите права на сите држави, соопшти МНР.

Според информацијата, Попоски треба да има средба со високиот комесар за човекови права Нави Пилај, а предвидено е да разговараат за соработката со Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права во контекст на членство на Македонија во Советот за човекови права, како и за актуелни прашања од агендата на Советот.

03.03.2014 - 17:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега