Најмногу слободни работни места во скопскиот регион

Во последниот квартал од минатата година во земјава имало 5.790 работни места, од кои најголемиот дел 2.304 се во Скопскиот регион.

Податоците на Државниот завод за статистика говорат дека најголем број слободни работни места има во преработувачката индустрија 2.011 и во трговијата 1.157 слободни работни места.

Најголем број слободни работни места има во претпријатијата со вработени меѓу 50 и 249. Во последниот кваратал од минатата година во овие претпријатија имало 2.025 слободни работни места.

03.03.2014 - 16:11
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега