Неколку скопски населби утре без струја

Во периодот од 8.30 до 17 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Востаничка“ и „Банско“.

Од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „Франце Прешерн“, а 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Руѓер Бошковиќ“ и „Франклин Рузвелт“. Од 9 до 12.30 часот без струја ќе бидат жителите од Момин Поток, РЦ Stop & Go; ТЦ Вергино и ТЦ Пласт Комерц.

- Прекините се со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони, информира РЦУК – Скопје.

03.03.2014 - 15:38
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега