Откриена секс-снимка со Мерилин Mонро и браќата Кенеди

Видео снимката на која наводно имаат секс Мерилин Монро и браќата Кенеди наскоро ќе биде споделена со јавноста.

 

Вилијам Кастлбери поранешниот холивудски телохранител тврди дека таа снимка до неодамна ја чувал во своја сопственост.

Поради тужбата која е во тек против Вилијам, полицијата од Калифорнија ги запленила сите негови работи помеѓу кои се наоѓа и снимката. Неговите предмети набрзо ќе се продаваат на аукција.

"Таа навистина постои. Јас имам длабока почит кон Joe DiMaggiо и поради тоа никогаш не сакав да ја објавам. Се обидувам да соберам доволно пари за да би ја откупил и вратил назад" - изјави Вилијам Кастлбери за Radar Online. 

Вилијамс одби да открие како стигнал до видеото. Дури и неговиот адвокат не знае што точно се наоѓа на снимката, запознаен е само со информацијата дека на снимката се Мерилин Монро, Џон и Роберт Кенеди.

Гласините за романсата помеѓу култната актерка и тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави како и со неговиот брат траат со децении. Дали има вистина во тоа ќе дознае тој кој следната недела на аукција ќе ја купи мистериозната видео-снимка за која ќе мора да издвои 200.000 долари.

03.03.2014 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега