ВИДЕО: Папата случајно изговори "Еб**е" за време на Неделната миса во Ватикан

Со оглед на тоа дека милион луѓе му го пратат секој збор, Папата навистина би претпочитал да не му се испуштеше таква грешка.

Додека го давал својот неделен благослов од Ватикан, Папата случајно направи катастрофална грешка изговорајќи го  зборот "Еб**е" на италијански, по што веднаш се корегираше, пренесува Daily Mail.

Но веќе беше касно. Само неколку секунди по направената грешка при изговор, видео-снимката била постирана на Јутјуб и десетици италијански веб-сајтови, собирајќи милиони прегледи од целиот свет.

Зборот кој го барал Папата е "caso" (пример) но наместо него, тој изговорил "cazzo" што значи "Еб**е" на италијански и честопати го мешаат оние кои не знаат да го зборуваат течно јазикот.

Во својата проповед, 77-годишниот Папа барал мирно решение за кризата во Украина.

03.03.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега