Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, днееска информираше дека сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурсот на компанијата „Актор“ за вработување на 350 градежни работници за изградба на Коридорот 10 треба да се пријават на овој конкурс. 

- Очекувам во текот на оваа година да има вакви слични конкурси и за изградбата на автопатот од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид. Една од целите за што влеговме во ваква инвестиција, покрај другото, е и нови вработувања во делот на изградбата на патиштата, истакна Јанакиески.

За изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица, министерот рече дека роковите се запазуваат каде до сега 35 проценти од градежните работи се завршени. Според него, во септември 2016 година ќе заврши изградбата и на последната делница од коридорот 10. 

03.03.2014 - 14:45
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега