Антиќ се врати, но Атланта нижи порази

Тимот на Перо Антиќ во НБА лигата Атланта ноќеска доживеа уште еден пораз овој пат на гостувањето кај Феникс со 129:120.

Големиот број на поени кај двата тима вкупно 249 само покажа колку се слаби одбраните на екипите. 

Најефикасен беше Грин со 33 поени, додека кај Атланта Тиг оствари 29 поени. 

Перо Антиќ се врати по пауза од 16 натпревари, а ова за неговата екипа беше прва од серијата пет гостувања. 

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Чикаго – Њујорк 109:90, Торонто – Голден Стејт 104:98, Индијана – Јута 94:91, Орландо – Филаделфија 92:81, Оклахома Сити – Шарлот 116:99 и Сан Антонио – Далас 112:106.

03.03.2014 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега