„Русија влегува во војна со САД и Велика Британија“

 

Со инвазијата во Крим, Русија и објави војна не само на Украина, туку и на САД и на Велика Британија кои гарантираат за украинскиот суверенитет. Тоа го нагалси во обраќање до нацијата поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко.

– Путин добро знае дека со објавувањето војна им објави војна и на САД и на Велика Британија, наведе таа. Видео-запис од обраќањето е поставен на нејзината интернет-страница.

Русија, САД и Велика Британија станаа гарант за територијалната целина на Украина во 1994 година кога поранешната советска република се откажа од нуклеарното оружје. – Русија ако ја премине црвената линија ќе загуби, нагласи таа.

Тимошенко додаде дека „руската агресија“ немаше да биде можна ако Украина беше дел од НАТО. – Русија...сега е подготвена да ја заземе Украина со вооружена интервенција, додава Тимошенко според кого руската „агресија“ е предизвикана од новата револуција во Украина. 

03.03.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега