Лепа Брена: Немав пари за јадење - за десерт јадев леб и шеќер

Легендарната пејачка Лепа Брена иако денеска има огромна слава и богатство, сеуште се сеќава на моментите кога и било најтешко и едвај имала пари за да преживее.

- Дојдов гладна во Белград да студирам туризам и поминав шест години. Штедев пари. Јадев само леб и јогурт, а кога сакав да каснам нешто благо, јадев леб и шеќер. Еден ден мртва гладна чекав автобус. До мене застана едно мало кученце. Надвор врнеше. И двајцата се тресевме од студ, вели Брена.

Пејачката која денеска има огромна слава вели дека не е се во публицитетот и парите.

- Уште како девојче мој сон беше да бидам самостојна, а тоа и го постигнав. На крајот кога ќе си ги исполните желбите и ќе имате автомобил и луксузна куќа, сфаќате дека се тоа нема смисла. Додека мојата куќа беше полна со деца и смеа беше вистинска куќа, тогаш се имаше смисла. Јас сакам да живеам сосема опуштено и нормално, додава Брена.

03.03.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега