Најтажниот роденден за сопругата на Шумахер

 

Сопругата на седумкратниот шампион во Формула 1, Корина, вчера го прослави својот 45 роденден без својот сакан.

Германските медиуми пишуваат дека ова бил најтажниот роденден на Корина бидејќи го прославила без Шумахер кој по несреќата која ја доживеа на француските Алпи, од 29 декември се наоѓа во вештачка кома.

КОрина секој роденден го славеше со легендарниот возач, а сега бидејќи нема повод за прослава, го прославила само со своите дечиња. 

03.03.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега