Украина ќе ја затвори границата со Русија?

 Границата меѓу Украина и Русија би можела да биде затворена во блиска иднина.

Како што денеска изјави заменикот украински премиер Виталиј Јарема, се разгледува прашањето за затворање на државните граници како и воведување строга контрола на преминувањето на државјани на Русија.

Новите власти во Киев стравуваат од испраќање дополнителен број руски трупи на полуостровот Крим покрај оние што се веќе присутни во поморската база на руската Црноморска флота во Севастопољ.

03.03.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега