Уште една црква мета на крадци - еве што е украдено
Ограбена уште една црква во Македонија. Засега непознат сторител извршил грабеж во црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани.
Кражбата била извршена во периодот меѓу 28. февруари и 2. март. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани сторителот влегол откако претходно насилно и со подесен алат ги скршил двата цилиндри од бравите на влезната и вратата на помошна просторија. Сторителот потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории. Крадецот одзел седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.
Полицијата трага по сторителот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа