Кризата во Украина ја поскапе нафтата

 

Откако Украина прогласи општа воена мобилизација и ја обвини Русија, скокна цената на нафтата.

Барел американска „лесна“ нафта за испoрака во април поскапе на берзата во Њујорк за 1,14 долари – на 103,73 долари за барел. Истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за априлска испорака на берзата во Лондон чини 1,62 долара поскапо – односно 110,69 долари.

Аналитичарите велат дека поради кризата која со месеци владее во Украина, цената на нафтата и понатаму може да расте.

03.03.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа