Почнува судењето против Писториус - атлетичарот веќе има нова љубов

 

Атлетичарот Оскар Писториус денеска ќе седне на обвинителната клупа поради убиството на својата девојка кое како што тврди се случило по грешка.

Она што е најинтересно за него е дека тој веќе има ново давојка. Се работи за 19-годишна студентка по име Леа Склај Малан која е од богато јужноафриканско семејство, а со Писториус се запознала на одмор во Мозамбик, каде што била заедно со своите родители.

Телевизиската мрежа "Скај њуз", пак, прикажа снимка како Писториус ја бакнува Рива само неколку дена пред убиството за кое е обвинет.  Потоа, истата телевизиска мрежа прикажа и уште една снимка на која Писториус вежба пукање од огнено оружје на едно стрелиште, и тоа неколку месеци пред убиството. 

Тој изминатата година пред судот изјави дека по грешка во куќата ја убил својата девојка бидејќи мислел дека е провалник.  За делото кое го направи му се закануваат 25 години затвор.

03.03.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа