ВО ЖИВО: Погледнете што се случува денеска во Украина

 

Вашингтон утре го испраќа државниот секретар Џон Кери во Киев, како знак на поддршка на новите украински власти кои се соочени со руското распоредување на вооружени сили на полуостровот Крим.

Кери вчера реагираше со досега најтешките коментари упатени кон Русија, која ја обвини за агресија и инвазија врз Украина. Кери најави дека за САД, сите опции остануваат на маса, вклучително и воената опција. Но, засега Вашингтон на руските чекори одговара со дипломатска иницијатива и обид за изолирање на Русија.

Претседателот Обама вчера телефонски разговараше со британскиот премиер Дејвид Камерон, полскиот претседател Бронислав Коморовски и со германската канцеларка Ангела Меркел, која во американските медиуми беше посочена како најслаба алка во обидите за дипломатска изолација на Русија.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Волтер Штајнмајер беше посочен како главен противник на идејата Русија да се исклучи од групата Г8. На крајот, Белата куќа објави заеднички договорено соопштение на земјите членки на Г8, секако без Русија, во кое се осудува распоредувањето на Крим.

 Во оваа насока, помошникот државен секретар за Европа Викторија Нуланд денес треба да има средби во Виена, во седиштето на ОБСЕ, да се разгледа можноста за испраќање на набљудувачка мисија во Украина, која би и гарантирала на Русија дека правата на руските државјани и етничките Руси во Украина нема да бидат повредени.

Погледнете во живо што се случува и денеска во Украина.

03.03.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега