Медведев: Владеењето на новата власт во Украина ќе падне со крвопролевање!
Владеењето на новите украински лидери ќе заврши со нова револуција и ново крвопроливање напиша рускиот премиер Дмитри Медведев на својот Фејсбук профил.
Според него новата Влада на Украина дека „ја украла власта“ и Јанукович е легитимен шеф на државата.
„Ако е виновен, треба да се поведе постапка за разрешување и да му се суди. Се друго е беззаконие. Крадење на власта. Тоа ќе заврши со нова револуција и ново крвопролевање“, напиша Медведев.
03.03.2014 - 09:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа