Иванов против Пендаровски во вториот круг

 

Иванов против Пендаровски. Вака најверојатно ќе излгеда гласачкото ливче во вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 27април. Според состојбата на терен, 2 недели порано, на 13 април во првиот круг, граѓаните ќе треба да одлучуваат меѓу 4 кандидати. Покрај Иванов и Пендаровски, учество во изборната трка си обезбеди и громовецот Зоран Поповски кој прв ги собра потребните потписи како и Илијаз Халими од ДПА кој вчера ја обезбеди граѓанската поддршка.

Во трката за место на гласачкото ливче целта на ја видоа професорката Билјана Ванковска за која мисијата собирање 10.000 потписи се покажа како невозможна, како и лидерот на Достоинство кој на facebook, повеќе среќа си посака на предвремените избори за каде се најави како носител на листата на неговата партија. Токму на социјалните мрежи почна и заврши изборната сага и за Ванковска.
Од останатите партии никој не се реши да влезе во изборната трка. ДУИ остана на уцените за консензуален претседател и не предложи свој кандидат во надеж дека во вториот круг нема да се достигне потребниот цензус па преку политичка криза да се издејствува некое друго решение. Партијата од Мала Речица вчера и официјално побара предвремени избори а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Груевски побара 62 пратеници за да не се случи ДУИ повторно да уценува

И за политчките аналитичари нема дилема. Владејчката партија мораше да одговори на уцените на ДУИ, а предвремени избори беа единственото можно решение. Владимир Божиновски во интервју за Press24 вели дека единствено 62 пратеници се гаранција дека Македонија нема да влезе во нова политчка криза, а ДУИ ќе остане без можноста да уценува

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да освои 62 пратеника, тогаш кризата со сигурност ќе се избегне, но и без тоа сметам дека доколку ДУИ сака да остане во Владата нема да може да изврши посериозен притисок и да предизвика криза, бидејќи секогаш постои и друга опција за формирање Влада во која повторно би биле вклучени партии или партија на етничките албанци.“ - вели Бoжиновски за Press24

Вечерва на полноќ и официјално истекува рокот за прибирање на потписи за претседателските кандидатури. Од 4 март стартува периодот од 20 дена пред изборната кампања во кој стапуваат насила новите рестрикции за трошење на јавните средства и настапи на функционерите согласно последните измени во новиот Изборен Законик.

02.03.2014 - 23:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа