Војна меѓу Украина и Русија нема да има - украинските бродови бегаат од Крим

Војна меѓу Русија и Украина никогаш нема да има, изјави претседателката на Совет на федерацијата (Горниот дом на рускиот Парламент) Валентина Матвиенко во емисијата „Недела вечер со Владимир Соловјов“ на телевизијата „Русија 1“, јави ИТАР-ТАСС.

Во меѓувреме, Украина нареди повлекување на бродовите од крајбрежната стража од две пристаништа во Крим и нивно преместување во други црноморски пристаништа.

Според соопштението на граничната стража бродовите од кримските пристаништа Керч и Севастопол се преместени во Одеса и Мариупол. 

02.03.2014 - 23:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега