Започна реконструкцијата на пругата Куманово-Бељаковце

Од Клечовскиот мост, Кумановско, почнаа активностите за реализирање на проектот „Реконструкција на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце“. Денеска беше поставен камен-темелникот на правата фаза од проектот, со вкупна инвестиција преку 50 милиони евра.

 

На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Страврески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, како и претставници на железниците и на ЕБРД.

 

 

- Најголемиот дел од пругите во Македонија се направени пред повеќе од сто години за време на отоманската империја. Како за пример железничката пруга Скопје - Гевгелија е изградена 1873 година, а железничката пруга од Скопје до Табановце во 1887. Од тогаш па наваму многу малку е инвестирано во изградбата и рехабилитацијата на железничката инфраструктура во нашата држава, рече Груевски.

 

Првата фаза од овој проект изнесува околу 46 милиони евра, втората 145 милиони евра, а за третата фаза ќе се користат средства од Европската банка за обнова и развој, од Европската инвестициона банка и од ИПА-фондовите на ЕУ.

 

02.03.2014 - 15:32
Фото: 
евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега