Македонија доби современ и најмодерен центар за обука на пилоти во ЈИЕ

 

Македонија доби современ и единствен од таков вид во регионот, Центар за обука на пилоти.

За првпат во Република Македонија во делот на одбраната се изгради комплекс којшто е исклучително технолошки напред, којшто ќе овозможи исклучително брз развиток на Армијата во делот на обука на пилоти. на отварањето присуствуваа премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов, министри од Владата на Република Македонија, како и идните пилоти.
-Соработката на Македонија со „Елбит системи“ од Израел започна уште пред 10 години за денеска заеднички да го реализираме овој проект кој не само што е од големо значење за Македонија, туку и за регионот. Според анализите кои ги направивме имавме две можности. Едната беше да плаќаме скапи обуки во странство, а другата да изградиме свој центар во кој ние ќе обучуваме кадри. Ние се одлучивме за втората можност, изјави Груевски.

Овој центар ќе биде промовиран надвор од Македонија, а е промовиран и во НАТО и ги исполнува највисоките стандарди.

-Со овој проект се потврдува посветеноста на државниот врв за постојано вложување во модернизацијата и едукацијата на приврзаниците на Армијата на Република Македонија и на другите безбедносни структури. Очекувам ваквата соработка да продолжи, долгорочниот план за развој на одбраната кој минатата година беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија да започне со имплементација оваа година, истакна претседателот Иванов.

02.03.2014 - 14:44
Фото: 
курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа