Тони Михајловски ја збесна коалицијата на СДСМ

Вчерашниот настап на шоуменот Тони Михајловски ги разгневи опозиционерите и луѓето на платниот список на СОРОС. Откако македонскиот актер се појави на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и во свој стил се пошегува со екс-лидерот на СДСМ, од централата итно стигна директива, тој да се најде на мета на сите кои се редат на касата на СОРОС.
Тоа и се случи. Актерот беше навредуван и добиваше закани само поради тоа што си ја работеше својата работа.
Голем број активисти на СДСМ и стипендисти на СОРОС побрзаа на социјалните мрежи да си ја одработат задачата издиктирана од централата.
Интересно е што ова е втор пат за неколку недели Тони Михајловски да е на мета на опозициските приврзаници. И во првиот случај, соросовите платеници удрија по Михајловски поради тоа што човекот си ја работеше својата работа. Истите луѓе кои го фалеа кога пред неколку години се активираше во кампањата на опозицијата, сега по него фрлаа со „дрва и камења“
Дека се врши притисок врз работата на актерите само поради тоа што решиле да заработат и надвор од татарот не е ништо ново во Македонија. На мета на истите луѓе биле речи си сите актери кои си дозволиле јавно да изнесат политчки ставови, или пак да одработат некој професионален ангажман во политчките кампањи. Истото им се случува и на пејачите.
За потсетување, одредени соросви структури користејќи ги интернет медиумите во слчајот со Михајловски се спуштија под новинарското дно но тоа не наиде на осуда кај соросовите новинарски здруженија, а единствените коментари на згаденост од таквите постапки новинарите ги зачуваа само на ниво на меѓусебна комуникација.
Зачудува фактот што ниту еден соросов новинар не реагираше кога одредени ликови од македонското општество си дозволуваа да си поигруваат со вериските чувства на граѓаните, кога се исмејуваа ликови на светци или пак се правеа шеги на сметка на македонските национални обележја. 

02.03.2014 - 14:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега