"Со париве ќе средиме ли работа?" - скопјанец се обидел да поткупи полицаец
СВР Скопје до ОЈО Скопје со кривична пријава го предаде 25-годишниот М.Ф. од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело „Давање поткуп“.
Имено, на 19 овој месец додека полициски службеник заедно со двајца приправници извршувале службени дејствија, околу 18 часот и 30 минути на раскрсницата на улицата „Христо Татарчев“ и „Божидар Аџија“ пред „Шпаркасе банка“, запреле возило марка „Фолксваген Голф“ заради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, од пријавениот Ф.М. биле побарани потребните документи и откако му ги дал на полицискиот службеник му кажал дека возилото е со истечена важност на сообраќајна дозвола. По проверката во документите полицискиот службеник утврдил дека навистина сообраќајната дозвола е со истечена важност, по што Ф.М. извадил 500 денари и му ги понудил за да не му пишува казна. Полицискиот службеник го предупредил дека тоа е кривично дело, но Ф.М. му ги ставил парите во сообраќајната дозвола, која била во рацете на полицискиот службеник, по што веднаш бил лишен од слобода и доведен во полициска станица.
Со спогодба Ф.М. е осуден на една година затвор, условно за три години. и му е издаден платен налог во висина од 500 евра, во денарска противвредност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа