Груевски денеска со набиена агенда

 

Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на свеченоста по повод започнување на работите на реализација на железничкиот проект за реконструкција на Коридорот 8 на делницата Куманово-Бељаковце.

Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и претставува прва од вкупно трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8, која треба да ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија, почнувајќи од Куманово преку Бељаковце, Крива Паланка до Деве Баир, односно до границата со Република Бугарија.

Претходно премиерот присуствуваше на свечено отворање  на новоизградениот објект на Центарот за обука на пилоти во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и  Интернационалниот совет на реномирани директори.
02.03.2014 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега