Десетици илјади посетители уживаат на Струмичкиот карневал

Во Струмица денеска, точно напладне, ќе поче традиционалниот детски карневал.

Синоќа, во рамки на Интернационалната карневалска поворка, неколку десетици илјади посетители уживаа во карневалскиот спектакл од маски што го приредија околу 3.000 маскирани лица. Со својот говор, Царот на карневалот го отвори празнувањето, по што следуваше големиот огномет. Белег на годинашното издание на Струмичкиот карневал му дадоа и гостинските групи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Турција.

Утре програмата продолжува според традициите, со варење бел грав и организиран ручек на отворено, од 13 часот. Ќе се одржи и изложбата на карикатури посветени на карневалот, како и доделувањето на наградите во Центарот за култура. Вторник вечер е резервиран за традиционалното „карневалско корзо“ со посета на домовите на армасаните девојки. Во среда завршуваат карневалските денови со одбележување на тримерските обичаи и настапот на „Распеани струмичани“.

02.03.2014 - 11:38
Фото: 
струмицаденес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега