ВО ЖИВО: Украина побара помош од НАТО - погледнете што се случува денеска

Украина дeнeскa побара од НАТО да ги разгледа сите можни начини да и се помогне во заштитата на својот територијален интегритет, рече министерот за надворешни работи на Украина, Сергеј Деширицја.

Тој изјави дека разговарал со претставници на САД и на Европската унија и побарал помош од НАТО откако украинскиот премијер Арсениј Јацењук вчера оцени дека станува збор  за руска агресија, пренесоа британските меидуми.

Деширицја изјави дека од НАТО побарал да „ги разгледа сите можности за заштита  на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, украинскиот народ и нуклеарните инсталации на украинска територија".

02.03.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега